Sunday, April 30, 2017

Фотосинтеза

Фотосинтезата e процес во кој растенијата создаваат храна. Во него, од неоргански соединенија (јаглерод диоксид, вода и минерални соли), со помош на сончевата светлина и хлорофилот (кој го има само во растителните клетки) се синтетизираат органски соединенија (јаглехидрати, белковини, липиди итн.), кои се неопходни за исхраната на растението. Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението, т.е. во оние клетки кои содржат хлоропласти (во кои се наоѓа хлорофилот).

Image result for фотосинтеза
Процесот на фотосинтезата наједноставно може да се прикаже со следнава равенка:
6CO2 + 12H2O ----------> C6H12O6 + 6O2 + 6H2O
Според тоа, фотосинтезата е сложен оксидоредукциски процес во кој се врши редукција на CO2 до степен на јагленоводороди и оксидација на водата, до степен на кислород. Оваа реакција, опишана со равенката, се одвива низ две фази, и тоа светла и темна.
Светла фаза од фотосинтезата
Светлата (фотохемиска) фаза е комлекс реакции во кои светлосната енергија се претвора во енергија на хемиски врски, претежно во енергија на фосфатните врски на АТР. Во светлата фаза се вршат следниве реакции: 1. Фотосинтетска фосфорилација 2. Фотолиза (разложување на водата) 3. Ослободување на кислород во атмосферата
Во согласност со законите на фотохемијата, светлината може да пројави фотохемиски ефект, доколку се впива. При впивањето на квантот светлосна енергија, атомот или молекулот се ексцитира, што значи преоѓање на електронот од една во друга, подалечна орбитa т.е. преминува во повисоко енергетско ниво. Во задржувањето и пренесувањето на енергијата учествуваат хлорофили, а и бета-каротини и фикобилин. Испуштениот електрон од екцитираниот хлорофилен молекул се прифаќа и се пренесува од низа акцептори во редица оксидоредукциски реакции, а енергијата патем се одделува и служи за синтеза на АТР. Процесот на преобразбата на квантите светлосна енергија во АТР е фотосинтетска фосфоријација (фотофосфоријација). Се разликуваат две основни насоки на фотосинтетска фосфорилација: нециклична и циклична.


За повеќе информации, кликнете тука

No comments:

Post a Comment